ПРЕТСТАВУВАЊЕ
Следно ќе ги кажеме најважните лица за
претставување: јас, ти и лицето од почит Вие. Јас на германски е „ich“, ти е
„du“, а Вие, лицето од почит, е „Sie“.
Не е грешка што само лицето од почит е напишано со голема буква. Лицето од
почит во германски јазик се пишува секогаш со голема буква, на кое место и да е
во реченица се пишува со голема буква. Значи, за дa го направиме појасно, ќе го
претставиме во табела.
јас - ich
ти - du
Вие - Sie
ти - du
Вие - Sie
Во продолжение може да ги кажеме и
неколку глаголи кои ќе ни помогнат во нашето претставување, на пример глаголите
„се вика“ и „сум“. Глаголот „се вика“ на германски е „heißen“, a глаголот „сум“
на германски е „sein“. Во претходниот пост кажавме некои правила за читање на
буквите. За тие што уште немаат имаат проблеми со читањето, „heißen“, би се
прочитал „хајсен“, а „sein“ би се прочитал „зајн“. Оваа форма на глаголите е
инфинитив или неопределена форма или за англисти тоа би било base form, што
значи дека не е определна за никое лице, во никое време. Во продолжение ќе
кажеме како се изменуваат овие глаголи за погоре кажаните лица: јас, ти и Вие.
Исто како и македонскиот јазик, и во германски јазик глаголот мора да се измени
за да биде правилно кажан. Исто како што македонски би било грешно кога некого
го прашуваш како се вика, да му кажеш: „Како се викам“, така и во германски јазик има посебни наставки за лицата. На
пример, кога веќе го споменавме, формата за прво лице, значи за „јас“ во
германски се прави со тоа што на основата на глаголот се додава -е. За да ја дознаеме која е основата или
коренот на глаголот, од неопределената форма, значи од формата што претходно ја
кажавме „heißen“, ги отфрламе последните две букви –en, и ќе добиеме „heiß“,
тоа е основата или коренот на глаголот. Освен кај глаголот „сум“ (sein), кај
сите други глаголи така се наоѓа коренот на глаголот. Значи да повториме:
heißen: heiß-en, ги отфрламе последните
две букви, значи –en, и го добиваме коренот на глаголот „ heiß “. Погоре веќе
кажавме како е „јас“ и што ќе додадеме на коренот на глаголот за да го
определиме за прво лице, „јас“, и ќе добиеме: „ich heiße“ што би значело „јас се викам“ и нормално, на тоа секој
може да си го додаде своето име: „Ich heiße Wolfgang“ или „Јас се викам
Волфганг“.
Кажавме како може да го кажеме нашето
име. За да прашаме за името на нашиот соговорник мора да направиме прашање. Во
случајов ни треба прашално зборче „како“, за да прашаме „Како се викаш“. „Како“
на германски е „wie“, би се прочитало „вии“. Во германски јазик, исто како и во
македонски, кога правиме прашање со прашално зборче, значи прашање на кое море
да се даде целосен одговор, а не да се одговори само со „да“ или „не“, прво ќе
го кажеме прашалното зборче, па глаголот и на крај личната заменка, значи исто
како и во македонски јазик. На македонски би прашале: „Како се викаш?“, и по
истиот редослед ќе биде прашањето и во германски: „Wie heißt du?“
Прашално глагол лична
заменка
зборче
Wie heißt du?
Како се викаш ти?
зборче
Wie heißt du?
Како се викаш ти?
За да прашаме како се вика некој, на
кого би му се обратиле со „вие“, значи љубезната форма на обраќање или формата
за обраќање на лице од почит, би ја измениле основната форма на глаголот со тоа
што на основата, на формата што ја добиваме кога ќе ги отфрлиме –en, додаваме
исто што сме отфрлиле, значи –en и добиваме „heißen“. Прашањето би се оформило
исто како и претходното, прво прашално зборче(wie), па глагол(heißen) и на крај лична заменка(Sie)
Wie heißen Sie? - Како се викате
Вие?
Wie heißt du? - Како се викаш ти?
Wie heißt du? - Како се викаш ти?
Одговорот веќе го кажавме: „Ich heiße
...“
Сега да ја кажеме измената на глаголот
„сум“ или на германски во неопределена форма „sein“. Кај овој глагол не важат
наставките за измена на глаголи по лице, овој глагол си има свои форми, што
сега ќе ги кажиме.
Јас сум - Ich bin
Ти си - Du bist
Вие сте - Sie sind
Ти си - Du bist
Вие сте - Sie sind
Значи, за да кажете кој или која сте
вие, би рекле: „Ich bin ...“. За да прашаме
некого, кој е тој или таа, ке го употребиме прашалното зборче: „кој“, на
германски „wer“, и ќе добиеме:
Wer bist du? - Кој си ти?
Wer sind Sie? - Кој сте Вие?
Wer sind Sie? - Кој сте Вие?
Во германски јазик, нема разлика дали
прашуваме машко или женско, во македонски би имало разлика, „кој“, „која“, „кое“
и „кои“, во германски за сите е „wer“.
Доколку сакаме да прашаме или да
претставиме некого, би го употребиле зборчето „тоа“, на пример, би направиле
прашање „кој е тоа“. Во оваа реченица имаме еден познат збор, тоа е „кој“,
другите ни се непознати. „Е“ е глаголот „сум“ во форма за трето лице еднина,
тој што зборува е прво лице, тој што го прашуваме е второ лице, а него го
прашуваме за некое трето лице. Сега ќе го кажеме глаголот „сум“, за сите три
лица во еднина:
1. јас сум - ich bin
2. ти си - du bist
3. тоа е - das ist (во следниот пост ќе ги кажеме како се „тој“ и „таа“)
2. ти си - du bist
3. тоа е - das ist (во следниот пост ќе ги кажеме како се „тој“ и „таа“)
Исто како и претходно, формата за
прашање би била иста, прво прашално зборче (во случајов „wer“), па глагол (во
случајов глаголот „sein“ определен за трето лице еднина) и на крај лицето,
значи:
Wer ist das? можен одговор: Das ist Susanne.
Кој е ова? Toa e Сузане.
Кој е ова? Toa e Сузане.
* На првиот линк имаме три непознати
зборови:„Herr“ што значи „господин“, „Frau“ што значи „госпоѓа“ и „entschuldigung“
што значи „извинете“.
Многу успех во вежбата, поздрав до сите
љубители на германскиот јазик
No comments:
Post a Comment