НЕКОИ
ОСОБЕНОСТИ ВО ЧИТАЊЕТО НА ГЕРМАНСКИТЕ ЗБОРОВИ
Германскиот
јазик се пишува со латинично писмо. Како и секој друг јазик, и германскиот има
некои букви, кои се посебни, и за нас непознати од македонското кирилично
писмо. Исто така, има и некои посебни правила за читање, кои во продолжение на
кратко ќе бидат oпишани која буква како се чита.
„s“
- се чита како „з“, на пример
германскиот збор за сонце е „Sonne“, тоа нема да се прочита „Соне“ туку ќе
се прочита„Зоне“,
значи „ѕ“ се чита „з“.
„st“ и „sp“
- кога „ѕ“ стои пред „t“ или „p“, ќе се прочита како „ш“, на пример, германскиот збор за улица е „Straße“, нема да се прочита како „Зтрасе“ туку „штрасе“ или германскиот збор за „спорт“ е „Sport“ и нема да се прочита „спорт“ туку „шпорт“.
„ß“
- оваа буква се чита како „с“, на пример, во гореспоменатиот збор за улица „Straße“, кажавме дека би се прочитало „Штрасе“, значи „ß“ се чита како „с“
„z“
-
буквата „z“ се чита како „ц“ на пример, германскиот збор за бројот 10
(десет) е „zehn“,
тоа нема да се прочита „зехн“ туку „цеен“,не е грешка што е
напишан со две „е“, следи објаснување зошто е така напишан.
„h“
„h“
- кога
ја имаме буквата „h“, освен ако е на почеток на збор, таа не се чита туку се
продолжува вокалот пред неа,на пример, веќе гo кажавме германскиот збор за бројот 10 „zehn“, и кажавме дека на
македонски би се прочитал со долг изговор на вокалот „е“ кај
„zehn“. Значи, кога ја имаме буквата „h“ освен ако не е на почеток од збор, како
на пример во зборот „hoch“ што значи „висок“ и би се прочитал „хох“, освен
во тој случај оваа буква не се чита туку го продолжува вокалот пред
неа.
„v“
„v“
Буквата „v“ во
германски јазик најчесто се чита како „ф“. На пример, оваа буква може да ја
најдеме во зборот за бројот 4 (четири) што на германски е „vier“ и
би се прочитал „фииа“,
исто и овде не е грешка што е напишан со две „и“, подолу во текстот
има објаснување зошто е така напишан. Исто така, германскиот збор за
„татко“ е „Vater“,
би се прочитал „фата“.
„w“
„w“
Во
германски јазик, оваа буква се чита како „в“, чисто „в“. Со следниов пример ќе
се надоврзиме и за читање на претходната буква, „v“, пример, името на
германската марка на автомобили „Volkswagen“. Веќе знаеме како се чита, „фолксваген“.
Ја имаме бувката „v“ и ја имаме исто и буквата„w“, значи „v“ ќе биде „ф“,
а „w“ ќе биде „в“, фолксваген.
„ch“
„ch“
- кога
овие две букви се една до друга, се читаат како „х“, на пример, кога кажувавме
буквата „h“ го споменавме германскиот збор за „висок“ што беше „hoch“ и
кажавме дека се изговара „хох“, значи кога „c“ и „h“ се една до друга
се читаат како „х“. Друг пример, германскиот збор за бројот 8 (осум) е „acht“, би
се прочитал „ахт“.
„sch“
„sch“
- три
букви кои се читаат како една, како „ш“ на пример, сите го знаеме професионалниот
формула 1 возач, Михаел Шумахер или познатиот фудбалски тренер и поранешен
фудбалер Бернт Шустер, и кај првиот и кај вториот презимето би се напишало
со „sch“, „Schumacher“ и „Schuster“, значи трите букви „sch“ едно до друго
се читаат како „ш“,Schumacher = Шумаха, Schuster
= Шуста,
„er/r“
„er/r“
- кога
овие букви се на крај од зборот, се читаат како „а“, на пример, горе
споменатите лица, Schumacher = Шумаха, Schuster =
Шуста,
„tsch“
„tsch“
-
четири букви кои се читаат како една, „tsch“ може да го најдеме во името
на земјата Германија кое на германски јазик би било „Deutschland“
и би се прочитало „Дојчланд“, исто и во поздравот „tschüсs“,
веќе кажавме би се прочитал „чуис“
„eu“
„eu“
- кога
„e“ и „u“ стојат една до друга, се читаат како „ој“.Пример за овој дифтонг може
да го најдеме во зборот за европската валута, еврото. На германски би се
напишало „Euro“, а би се прочитало „ојро“, исто така,
континентот „Europa“ би се прoчитал „ојропа“, значи во секој
случај овие две букви би се прочитале како „ој“.
„ei“
„ei“
- уште
еден дифтонг, „ei“ би се прочитале „ај“ на пример, германскиот глагол „се вика“
е „heißen“.
Тука на прво место ја имаме буквата „h“ за која веќе кажавме дека доколку
е на прво место би се прочитала исто како „h“ и одма после неа ги имаме
„ei“ кои кажавме дека кога се една до друга се читаат како „ај“. Овој
глагол би се прочитал „хајсен“. Исто така, германскиот збор за бројот
2 (два) е „zwei“, веќе знаеме како би се прочитале „z“ и „w“ и сега
знаеме како ќе се прочита и останатиот дел од зборот, „цвај“,
бројот 3 (три) на германски е „drei“, би се прочитало „трај“.
„ie“
„ie“
-
третиот дифтонг во германски јазик е „ie“, се чита како долго „и“.Погоре во
истиов текст, кај буквата „v“, го кажавме германскиот збор за бројот 4
(четири) кој беше „vier“ и кажавме дека би се прочитал „фииа“. Веќе знаеме дека
„v“ на почеток се чита „ф“, а „r“ на крај се чита „а“, ни останува уште
„ie“. Сега го знаеме цел збор и може да го прочитаме како „фииа“.
Ова се
на кратко особеностите на германскиот јазик во поглед на читањето. Се надеваме
дека нема да имаме никакви проблеми со читањето и полесно ќе го совладаме
материјалот.
Поздрав и alles Gute
Поздрав и alles Gute
No comments:
Post a Comment